Битолската библиотека дел од иницијативата Сподели жена- авторка

Март 22, 2021

Сподели жена-автор (сподели авторка) е иницијатива започната од Сара Миленковска, коосновач во Женската менторска мрежата „Стела“, чија цел е да ги доближи писателките и феминистичката литература до младите девојки во библиотеките низ Северна Македонија. Идејата започна откако еден од менторираните на „Стела“, не беше во можност да најде ваква литература во локалната библиотека. За да се надмине овој јаз, неколку активисти и ментори на „Стела“ се собраа да изнајдат начин да соберат наслови од женската и феминистичката литература и да донесат литератури од жени во локалните библиотеки во некои од помалите градови низ земјата..

Иницијативата започна со повик за споделување книги што ги имаме дома. Валона Речица, како ко-основач на „Стела“ и „Чивнинг-алумна“, го поддржа процесот во кој Македонската асоцијација на амнести во Чивнинг обезбеди ресурси за купување на околу 100 книги. Со оваа поддршка, купени се три пакети со книги на македонски, албански и англиски јазик за три библиотеки.

Првиот пакет книги беше доставен во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола по повод Светскиот ден на поезија на ден 21.03.2021 година. Достапноста на информации е особено важна, со цел се подобри образовниот систем, сметаме дека оваа литература исто така треба да се земе предвид. Дури и во дигиталната ера, важно е да се има пристап до литературата, особено онаа што има еманципаторска цел. Библиотеката ја користи можност за повик до сите заинтересирани за донирање на книги од „Авторка“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани