АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согледувајќи ја состојбата со високите температури во земјата, Здружението на пензионери од Битола, денес претпладне организира акција за доделкување вода на оние граѓани кои чекаа во редици да завршат одредени задолженија. За таа цел, претседателката ана Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, Даница Петличкова и неколку пензионерки- волонтери, на граѓаните кои чекаа во редици пред банките им доделкуваа шишиња со вода. Ваквата хуманитарна акција на здружението на пензионери ќе продолжи и натаму со цел граѓаните да не се доведат во состојба да почувствуваат тешкотии од големите горештини во нашиот град.