×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Најостро ги осудуваме дезинформациите и невистините кои денес беа презентирани на прес конференцијата на Ирена Димовска-Митревска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

 

Претседателката на комисијата за интердисциплинарна дејност при Министерството за култура НЕ Е И НИКОГАШ НЕ БИЛА член на Управниот одбор на МКЦ-Битола и не може да има конфликт на интерес за одобреното финансирање на нашиот фестивал Битола отворен град 2024 од Министерството за култура.

 

Меѓународниот фестивал „Битола отворен град“ во организација на МКЦ-Битола е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 23 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

 

Изминатите години фестивалот редовно добива поддршка од Министерството за култура во приближно ист или повисок износ од годинешниот, поради својот квалитет и препознатливост како НАЈГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ ЗА УРБАНА КУЛТУРА ОРГАНИЗИРАН ОД ГРАЃАНСКА, НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА во Битола и во поширокиот регион. Сите настани се на отворено, во директна комуникација со публиката и без наплаќање на влезници. Битола отворен град е симбол по кој луѓето го препознаваат МКЦ-Битола и нема да дозволиме да биде ставен во контекст на дневно-политички манипулации.

 

Уште повеќе сме зачудени од изнесените невистини, поради фактот што токму Ирена Димовска-Митревска во неколку наврати има настапувано на фестивалот Битола отворен град и многу добро знае за успешната приказна на нашиот фестивал.

 

За таа цел, бараме јавно извинување за изнесените невистини во иста форма и место или ќе бидеме приморани да ги искористиме правните инструменти за заштита од навреда и клевета.

 

Во Битола се одржа јавен форум за инклузивна подготовка на програмата за работа на општинскиот Младински центар Битола за 2024 година. Настанот беше во организација на МКЦ-Битола во рамки на проектот „Младите во центар’’, финансиран од ЕУ.

Овој јавен форум имаше за цел  да се претстават специфичните цели на иницијативата, Законот за младинско учество и младински политики, специфичните обврски кои произлегуваат од Законот, моменталната состојба и улогата на младинските центри на локално ниво. Исто така беше претставена и Програмата за 2024 и Извештајот за 2023 година на општинскиот Младински центар, по што се разви дискусија околу активностите. Забелешките и мислењата ќе бидат земени во предвид во финалната програма на Младинскиот центар за 2024 година. 

„Целта е да се актуелизира прашањето околу Младинскиот центар на Општина Битола, да се направи промоција, но и инклузивен процес во однос на креирањето на новата програма за 2024 на МКЦ, како и да се промовираат активностите што досега беа преземени. Инаку целата иницијатива се заснова на Законот за младинско учество и младински политики кој предвидува да се преземат и мерки на локално ниво. И самите општини имаат обврски кои треба да ги исполнат. Меѓу нив и да се креира младински центар, па локална младинска стратегија, совет, да се делегира службеник за млади, да има канцеларија за млади “, Александар Тодоровски од МКЦ Битола, координатор на проектот.

Во рамки на проектот ќе има и кампања за промоција на Младинскиот центар и активностите, обуки за јавна администрација и советници од Општина Битола за да стекнат повеќе знаење за младински политики и активности.

На форумот присуствуваа учесници од Советот на општина Битола, јавната администрација, младински организации, организации за млади, младински клубови, образовни институции, средношколци и студенти, млади невработени и млади во социјален ризик, корисници на услугите на МЦБ со цел да се обезбедат сите аспекти при креирањето на програмата за 2024 година на општинскиот Младински центар Битола.

 

Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

 „Претприемништвото како предизвик“ е програма наменета за македонските и албанските туристички чинители и потенцијални туристички чинители имплементирана од Младински кулурен центар – Битола во рамките на проектот SMART4YOU2.

Програмата опфаќа активности за јакнење на капацитетите на локалните даватели на услуги и уметници од прекуграничен регион на Пелагонија и Корча со цел да обезбедат висококвалитетни туристички услуги и производи.

Вчера заврши пакетот кој опфаќа активности за јакнење на капацитетите на 25 туристички оператори и потенцијални туристички оператори од регионот на Пелагонија и Корча преку три циклуси на обуки. Во наредниот период продолжуваме со активности за менторство и вмрежување.

Овој пакет на активности ги истражува можностите во туристичкиот сектор, ги наведеува учесниците да разберат што е потребно за да се биде туристички претприемач, да знаат што треба да имаат подготвено пред да го идентификуваат својот бизнис како туристички бизнис, што подразбира туристички пакет и туристичка понуда во локалната заедница.

Наши учесници се лица кои веќе имаат туристички бизнис и истите се поставени пред предизвикот за да ја подобрат својата работа и да станат конкурентни на пазарот, лица кои сакаат да истражуваат нови идеи и лица кои имаат клучна улога за развојот на туризмот во локалната средина. Оваа мешовита група ги има сите предиспозиции за да придонесе во голема мера за развој на прекуграничниот туризам во регионот на Пелагонија и Корча.

Програмата ја реализираме во рамките на проектот SMART4YOU2, како дел од партнерството кое што го сочинуваат Општина Битола, Општина Пустец, НУ „Завод и музеј“ - Битола, Директоратот за културно наследство – Корча и Младинскиот културен центар - Битола.

Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата за прекугранична сорaботка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа.

 ММ3

МММ2

Младински културен центар – Битола е организација домаќин на музички камп во Битола од 01-10 јули 2023 со учество на 25 млади луѓе од Северна Македонија, Белгија, Шпанија, Германија и Холандија. Ова е прва едукативна активност во рамките на проектот „Европска караван мрежа“ финансиран од програмата Еразмус+ од Белгиската национална агенција.

Младите луѓе се вклучени во креативен процес на развој на нови мелодии инспирирани од глобалните звуци на мултиетничките заедници (од реге преку румба каталана, традиционални македонски народни песни, латино мелодии и ромски ритми). Младите ќе го кренат својот глас, за да бидат чуени. Тие исто така, разменуваат искуства и учат за промоција на музички настани преку користење на нови иновативни алатки на социјалните мрежи Тик Ток, Инстаграм, Твитер и Фејсбук. Покрај тоа, учесниците имаат можност и да ја запознаваат Битола и македонската култура за време на нивниот престој во градот.

Финалниот перформанс со резултатите од нивната десетдневна креативна работа и дружење ќе биде изведен во недела 09 јули во летната сцена на МКЦ-Битола на ул. Цар Самоил 29 во Битола, со почеток во 20.30 часот.

Партнерски организации вклучени во проектот заедно со МКЦ-Битола се и Мадам Фортуна од Белгија (носител на проектот), Аларм Театар и Амародром од Германија, Талер де Музикс и Карабуци од Шпанија, Њу дач конекшнс од Холандија и Бекос ју арт од Франција. Проектот ќе се спроведува до крајот на 2024 година.

 

камп2

камп3

камп4

камп5

камп6

Страница 1 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани