2win800x200

Јавен форум за подготвка на програмата за работа на Младинскиот центар од Битола

Февруари 05, 2024

Во Битола се одржа јавен форум за инклузивна подготовка на програмата за работа на општинскиот Младински центар Битола за 2024 година. Настанот беше во организација на МКЦ-Битола во рамки на проектот „Младите во центар’’, финансиран од ЕУ.

Овој јавен форум имаше за цел  да се претстават специфичните цели на иницијативата, Законот за младинско учество и младински политики, специфичните обврски кои произлегуваат од Законот, моменталната состојба и улогата на младинските центри на локално ниво. Исто така беше претставена и Програмата за 2024 и Извештајот за 2023 година на општинскиот Младински центар, по што се разви дискусија околу активностите. Забелешките и мислењата ќе бидат земени во предвид во финалната програма на Младинскиот центар за 2024 година. 

„Целта е да се актуелизира прашањето околу Младинскиот центар на Општина Битола, да се направи промоција, но и инклузивен процес во однос на креирањето на новата програма за 2024 на МКЦ, како и да се промовираат активностите што досега беа преземени. Инаку целата иницијатива се заснова на Законот за младинско учество и младински политики кој предвидува да се преземат и мерки на локално ниво. И самите општини имаат обврски кои треба да ги исполнат. Меѓу нив и да се креира младински центар, па локална младинска стратегија, совет, да се делегира службеник за млади, да има канцеларија за млади “, Александар Тодоровски од МКЦ Битола, координатор на проектот.

Во рамки на проектот ќе има и кампања за промоција на Младинскиот центар и активностите, обуки за јавна администрација и советници од Општина Битола за да стекнат повеќе знаење за младински политики и активности.

На форумот присуствуваа учесници од Советот на општина Битола, јавната администрација, младински организации, организации за млади, младински клубови, образовни институции, средношколци и студенти, млади невработени и млади во социјален ризик, корисници на услугите на МЦБ со цел да се обезбедат сите аспекти при креирањето на програмата за 2024 година на општинскиот Младински центар Битола.

 

Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани