2win800x200

79 ГОДИНИ НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ –ТИТО“ - БИТОЛА

Февруари 06, 2024
Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е важен и урбан дел од градското јадро на Битола.
На денешен ден, 6 февруари, 1945 година започна наставата на Македонски јазик и оттогаш, 79 години исправено се носи со сите воспитно-образовни предзивици кои ги носи текот на времето.
Некои ќе речат, 79 години не е јубилеј, но постојаната работа со гимназијалците, кои секоја година понесуваат значајни награди на државни, меѓународни натпревари, кои вредно учат и својата иднина ја градат од темелите кои токму овде во оваа Гимназија ги поставуваат преку редовната настава и воннаставните активности – високите спортски, уметнички, општествени и достигнувања во природните науки, се гордост на целиот град.
Библиотеката не е место само каде што се складираат книги – туку и место каде се споделуваат големи идеи, па така настана кусиот филм „Старецот на сите генерации“, токму во училишната библиотека, на малите одмори.
Филмот е режија на Давид Козаров, сценариото е дело на сите учесници во филмот.
Улогите ги толкуваат: Борис Граматковски, Ана Спасеска, Дарко Велкоски, Илина Козарова, Горазд Петровски, Ангела Наумовска, Мими Марковски , под менторство на проф. Биљана Т. Димко
Благодараност до сите професори, директорката Лидија Споа и стручните соработници кои секогаш ни даваат огромна поддршка.
Филмот може да го проследите на линкот што е споделен:
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани