2win800x200

Демант на МКЦ на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ

Февруари 14, 2024

Најостро ги осудуваме дезинформациите и невистините кои денес беа презентирани на прес конференцијата на Ирена Димовска-Митревска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

 

Претседателката на комисијата за интердисциплинарна дејност при Министерството за култура НЕ Е И НИКОГАШ НЕ БИЛА член на Управниот одбор на МКЦ-Битола и не може да има конфликт на интерес за одобреното финансирање на нашиот фестивал Битола отворен град 2024 од Министерството за култура.

 

Меѓународниот фестивал „Битола отворен град“ во организација на МКЦ-Битола е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 23 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

 

Изминатите години фестивалот редовно добива поддршка од Министерството за култура во приближно ист или повисок износ од годинешниот, поради својот квалитет и препознатливост како НАЈГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ ЗА УРБАНА КУЛТУРА ОРГАНИЗИРАН ОД ГРАЃАНСКА, НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА во Битола и во поширокиот регион. Сите настани се на отворено, во директна комуникација со публиката и без наплаќање на влезници. Битола отворен град е симбол по кој луѓето го препознаваат МКЦ-Битола и нема да дозволиме да биде ставен во контекст на дневно-политички манипулации.

 

Уште повеќе сме зачудени од изнесените невистини, поради фактот што токму Ирена Димовска-Митревска во неколку наврати има настапувано на фестивалот Битола отворен град и многу добро знае за успешната приказна на нашиот фестивал.

 

За таа цел, бараме јавно извинување за изнесените невистини во иста форма и место или ќе бидеме приморани да ги искористиме правните инструменти за заштита од навреда и клевета.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани