2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Демант на прес конференцијата на СДСМ на Елена Мирчевска, директор на Зоолошката градина Битола

Јули 21, 2023

Демант на прес конференцијата на СДСМ на Елена Мирчевска, директор на Зоолошката градина Битола

 

Денеска со сензационалистичка прес конференција, локалната СДСМ уште еднаш по кој знае кој пат се обиде да привлече внимание во јавноста, но успеа само да биде предмет на потсмев од истата таа јавност.

Така, СДСМ се обиде да им објасни на битолчани како во Зоолошката градина се случува крајот на светот, но не чесно и директно туку божем поставувајќи прашања поставени од посетители на ЗОО градината. 

Но, СДСМ следејќи ги советите на своите спин доктори како да клеветат, а да не се изложат на тужба, заборавија на очигледното:

-ЗОО градината е јавна установа отворена за вистинската јавност секој ден. Кај нас секој ден доаѓаат вистинските граѓани кои можат да забележат дека ЗОО градина работи попожртвувано и подомаќински од кога било иако е заборавена од сите надлежни институции. Но од СДСМ изгледа заборавиле дека се централна власт а и долго не биле во градината;

-ЗОО градината е институција во надлежност и на Министерство за култура па ако тука е таков ужас, барем половината е на нивната сопартијка;

-ЗОО градината е отворена 7 дена во неделата, лето и зима. Битолчани ги знаат нашите предизвици а ние ги знаеме нивните желби. Се гледаме во очи секој ден и едни во други гледаме наша жртва и нивна желба ЗОО градината да живее, да не потклекне на тие што сакаат да ја нема.

-ЗОО градина за животните  јавно и транспарентно обезбедува доволно храна од прва класа во законска постапка и притоа одржува постојани резерви.

-ЗОО градина ја одржуваат двапати помалку вработени отколку што е потребно. Сите вработени постојано се прашуваме зошто надлежните министерства не дозволуваат неопходни вработувања. 

Но сепак тие малку вработени успеваат, не се откажуваме. Ние за разлика од нив всушност сакаме животни и не ни смета да чистиме по нив.

-ЗОО градина постапува по сите одлуки на УО. Таква одлука е и јавниот оглас за обезбедување на забавна дејност во градината кој е отворен и на кој може секој да се пријави. Таа содржина ЗОО градината ќе продолжи да ја има.

-ЗОО градина редовно едно по едно реновира и обновува живеалишта без ниту еден денар трошок за буџетот со обезбедени донации. Ако се прашуваме ние би ја реконструирале целата градина одеднаш и веќе ќе нема дотраени живеалишта, но функционираме со тоа што ни го дава буџетот и буквално од едно правиме две.

Така е само благодарение на посветеноста на малкуте вработени во установата и одговорноста на менаџментот. Нашите заеднички залагања и залагањата на сите кои години наназад се вградиле во оваа установа всушност се вистинскиот грев за кој не обвинува СДСМ, а тоа е како ЗОО градина која со години е оставена со толку малку средства и толку малку кадар токму од СДСМ, сеуште успева да не пропадне?

Битола има и ќе има ЗОО градина, и покрај сите искушенија и за инат на сите лажни љубители на животните од СДСМ едно по едно ќе ги снема сите дотраени живеалишта кои СДСМ толку долго ги имаше заборавено. 

Ве поканувам сите, секој ден во неделата да се уверите во тоа.

 

Со Почит,

 

Зоолошка градина Битола

               Директор

       Елена Мирчевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани