2win800x200

СДСМ: Коњановски не го прифаќа амандманот од Буџетот да се издвојат 750 илјади евра за да се завршат трибините на Стадионот

Јули 20, 2023

Интегрален текст од прес конференција на Борче Корлевски, советник од СДСМ

 

На седницата на Советот на Општина Битола, на која беше усвоен ребалансот на буџетот,  на предлог на советничката група на СДСМ советниците едногласно изгласаа амандман со кој се предвидоа 20 милиони денари за реконструкција на Јужната трибина на стадионот Петар Милошевски. 

 
Покрај ова, се бара со развојната програма и во буџетот за 2024 година да се предвидат 20 милиони денари за целосно да се реконструира Јужната трибина. 
За истата, в општина има предмер и пресметка, па може веднаш да се распише јавна набавка и уште есенва да стартува реконструкцијата. 
 
За град како Битола, со буџет од над 33 милиони евра годишно, 750.000 евра не се ништо за да се завршат трибините на стадионот!
 
Но, градоначалникот Тони Коњановски не го прифаќа овој амандман иако за него гласаа сите советници, па и неговите сопартијци од ДПМНЕ!
 
Наместо, како што предвидува законот и како што било отсекогаш, да седни со раководителот на Секторот за финансии и да го изработи ребалансот со усвоените амандмани, Коњановски се шета по светот. 
 
Јасно е дека градоначалникот за само неколку месеци ги потроши парите кои требаше да ги распредели и да ги троши цела година. Затоа Коњановски не се соочи со советниците во расправата за амандманите на ребалансот оти ќе требаше да одговори каде и на што ги потроши парите на битолчани! Ама, не во Сараево, туку и во на волот рогот да се скрие, Коњановски нема да избега од одговорност. 
 
За две години власт Коњановски и ДПМНЕ потрошија над 50 милиони евра, а ништо не направија. 
 
Секогаш кога ДПМНЕ ќе ја добие довербата од граѓаните да раководи со градот, на Битола ѝ се случува катастрофа!xdd c
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани