2win800x200

Се апаси во Битола за нелегален ботокс и филери

Април 23, 2026

Вечерва под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, полицијата спроведува акција за сузбивање на организирана криминална група вмешана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост“ и „неовластена употреба на туѓа фирма“, како и „примање поткуп“ и „помагање“, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори. Во рамките на акцијата врз основа на претходно обезбедени наредби од Основниот кривичен суд, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации и организатори на транспорт и продажба на илегално внесени стоки со статус на медицински лек и медицинско помагало, без одобрение од надлежен орган, без упатство и без налепници.  При претресите пронајдени и одземени се поголемо количество на медицински лекови и медицински помагала, едно луксузно возило, парични средства, парфеми, телефонски апарати и друго.

Неофицијално, медицинските средства што се внесени нелегално се ботокси и филери, со намера да се употребат за естетски интервенции, но нема информации дали истите биле употребени врз пациенти и дали предизвикале штета.

Во акцијата опфатени се и доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија. Извор Слободен печат 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани