
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Еден од препознатливите симболи на Пелистер и македонскиот туризам, Хотел Молика, денес одбележува значаен јубилеј – 32 години постоење, исполнети со работа, посветеност и континуиран развој.
Во текот на изминатите децении, Хотел Молика се изгради како повеќе од место за одмор. Тој стана пример за стабилно и одговорно работење, со јасна визија и постојано унапредување на услугите, со што го зацврсти своето место на туристичката мапа.
Раководството посочува дека успехот е резултат на внимателно планирање, рационално управување со ресурсите и вложување во квалитетот, што придонесе брендот да биде препознатлив и доверлив кај домашните и странските гости.
„32 годишното постоење е доказ дека кога страста се спојува со дисциплина и визија, успехот е неизбежен“, велат од Хотел Молика, упатувајќи благодарност до сите гости, партнери и вработени кои низ годините биле дел од оваа успешна приказна.
Со јасна насока кон иднината, од хотелот најавуваат дека ќе продолжат со развој, модернизација и унапредување на туристичката понуда, со цел да останат синоним за квалитет и доверба.
Хотел Молика и понатаму останува место каде традицијата се спојува со современоста, а секој нов ден носи нови предизвици и можности за успех.


