СДСМ денеска го бира новото раководство, дали Филипче ќе земе битолчанец во тимот?!

Декември 16, 2025
сдсм Битола сдсм Битола

Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека денеска ќе биде познато новото раководство на партијата откако на негово барање на почетокот на декември оставка поднесе целото раководство, освен тој. Во Извршниот одбор на партијата од Битола беше потпретседателот Методија Илиевски. 

По разрешувањето на Илиевски, не се знае ДАЛИ ЌЕ ИМА БИТОЛЧАНЕЦ ВО НОВОТО РАКОВОДСТВО НА ФИЛИПЧЕ? Но, неофицијално дознаваме дека можно е во тимот на Филипче да влезе некој од битолчаните што се во Централниот одбор на СДСМ, тоа се интернистот д-р Елизабета Ивановска, економистот Зоран Стојчевски и стоматологот младиот Андреј Стојановски.

Она што ги засега битолските социјалдемократи е дали по комплетирањето на новото раководство на партијата ќе следи смена во раководството на општинската организација на СДСМ Битола, бидејќи дел од раководните структури бараат смена на Методија Куновски заради како што велат „катастрофалните резултати на локалните избори“. 

Куновски како кандидат за градоначалник на неодамнешните локални избори освои над 6.000 гласоци, додека во Советот на Општина Битола влегоа само пет советници од СДСМ, со освоени над 5.000 гласови. 

 

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор.

– Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира утре, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На прашањето зошто тој е единствениот од раководните структури на партијата кој не поднесе оставка по поразот на локалните избори, Филипче вели дека функцијата ја презел неодамна.

На 2 декември на барање на претседателот на партијата, оставка поднесе целото раководство на СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани