2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Изградба на нов пат од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружен тек пред бензиската на Макпетрол, амандман на СДСМ изгласан во Советот 

Јули 19, 2023

Еден од амандманите што го предложи советничката група на СДСМ, а советниците едногласно го изгласаа на последната седница е изградба на нов пат од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружен тек пред бензиската пумпа на Макпетрол.  

 
Со овој амандман предлагаме да се изработи сообраќајно решение кое ќе биде безбедно и соодветно на новата инстрасфтруктурата што се гради тука. Со новиот пат и кружниот тек кај Довлеџик ќе се заокружи реконструкцијата на влезот во Битола од страната на Охрид што ја започна претходната локална власт на СДСМ, со целосна реконструкција на улицата Довлеџик која доби нова фекална канализација, водовод, улично осветлување. За атмосферската канализација и за асфалтирање, Коњановски наследи склучен договор и обезбедени пари, исто така од претхнодната локална власт предводена од СДСМ. И за чудо ги реализира.
 
За новиот пат и кружниот тек кај Довлеџик, со нашиот амандман предвидени се 15 милиони денари во овој буџет и уште 15 милиони денари кои треба да се обезбедат од развојната програма на општината за следната година. Но, Коњановски, како и за други капитални објекти, е против со образложение дека ќе се пробиела рамката на буџетот. Рамката е пробиена заради неговото непланско трошење на буџетот во првите шест месеци од годината, што може да се види од извештајот за планирана и остварена реализација на буџетот до 5 јули. Парите кои требаше да ги троши во текот на цела година, градоначалникот ги потроши во шест месеци и затоа нема пари за капитални проекти. 
 
Го повикуваме Коњановски да си дојди во Битола, да седни со службите од општината и да си го среди буџетот кој треба да го прати на одобрување во Министерството за финансии. Да ги слушне граѓаните, а не истите советници кои го советуваа Владимир Талески, оти очигледно не му го кажаа најважното – буџетот го предлага градоначалникот, ама го гласа Советот. Парите на битолчани мора да се трошат за она што го предложија и едногласно го изгласаа советниците!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани