2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Коњановски сака да го закочи функционирањето на Општината и за тоа да ги обвини советниците

Јули 18, 2023

Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана Захариевска Ралевска, советник од СДСМ

Градоначалникот Тони Коњановски сака да го закочи редовното и тековно работење на општината, а за својата неспособност да ги обвини советниците во Советот на Општина Битола!

 
Една недела откако Советот го изгласа ребалансот на буџетот, општинската администрација со која раководи Коњановски и која работи по налог на Коњановски, нема мрднато со прст за соодветно да ги распредели средствата за проектите изгласани со ребалансот!
 
Според наши информации, Коњановски намерно сака да го прати ребалансот на одобрување во Министерството за финансии со износ поголем од дозволената рамка, па кога министерството нема да го одобри, ќе ги обвини советниците и СДСМ, за кочење на општината!
 
Многу провидно и типично за ДПМНЕ! 
 
Коњановски да се прибере од по плажите или каде и да е во моментов и да седне да си го среди ребалансот на буџетот, со сите проекти што советниците ги изгласаа, распределени по ставки, програми и години. Само Коњановски и ДПМНЕ може да ја заглават Битола. Со крадење или со намерно непостапување по законите, за после вината да ја фрлат на други. 
 
Единствена цел на оваа фарса што ја подготвуваат Коњановски и ДПМНЕ е да се избегне одговор и одговорност на прашањето: 
 
- Каде завршија парите на битолчани, па цели ставки од буџетот на општината се потрошија во три, наместо во дванаесет месеци?
 
За да знаат битолчани кој раководи со Битола во моментов, ќе споделам само еден детаљ од последната седница. Највисоки општински функционери, по налог на Коњановски, вртеа по телефони и вршеа притисок кај советници од сите советнички групи и ветуваа поддршка за нивните амандмани од советниците на ДПМНЕ во замена за глас против амандманите на другите советнички групи! Притисоците не им успеаа, ама умот не им доаѓа и наместо нешто да сработат, коваат планови како градот да го дозапустат!
 
Развојот и напредокот на Битола никогаш не биле интерес на ДПМНЕ и Коњановски!
 
Кога и да ја добие ДПМНЕ поддршката од граѓаните да ја води Битола, истото се случува – катастрофа!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани