Реакција на СДСМ на изјавата на градоначалникот Коњановски
Коњановски остана сам со тајфата со која безмилосно запустија над 60 милиони евра досега и затоа панично реагира
Пропаднаа надежите за нови провизии, нови поделби на парите на битолчани на поединци блиски до Коњановски и ДПМНЕ
Останавме доследни на определбата за рационално и наменско трошење на парите на граѓаните уште на самиот почеток на предлагањето на ребалансот на буџетот и јасно и гласно го искажавме ставот дека нема да поддржиме
ребаланс со кој се намалуваат капиталните расходи за сметка на разните трансфери и договорни услуги
Го повикавме градоначалникот да го повлече предлог ребалансот и да предложи ребаланс со кој сите дополнителни приходи од даноци кои ги собира државата ќе бидат распределени за капитални објекти и дополнително ќе се намалат трансферите и договорните услуги, но Коњановски и тоа не го зеде во предвид
Коњановски остана глув на нашите барања и терајќи инает, обвинувајќи го Советот за своето неработење, до последен момент го туркаше ребалансот скроен по негова мерка и екипата околу него
Во исправноста на политиката на СДСМ се уверија и останати советници и ги изгласаа амандманите од нашата советничка група, а на крајот и советниците на ДПМНЕ го подржаа ставот на СДСМ со едногласното изгласување на ребалансот, надополнет со усвоените амандмани предложени од сите советниците
Коњановски остана сам
Тој како да заборава дека по закон буџетот, а со тоа и ребалансот го гласа Советот на предлог на градоначалникот. Но, тој немаше храброст да се соочи со советниците и само го прочита своето излагање, одговори на две-три прашања и замина, па продолжи со Советот да комуницира преку медиумите. Не остана на седница, да ги соочи своите аргументи со советниците
Паничната реакција на Коњановски не е ниту за социјалците, нити за лицата со попречености, бидејќи тие програми Советот ги изгласа со зголемувањата на средствата кои беа предложени, туку заради стравот од отворање на прашањето:
Како и зошто одредени ставки во буџетот се потрошени предвреме?
За некои јавни набавки, пак, преземени се обврски повисоки од планираните во буџетот и сега треба да се покријат со дообезбедување на средства
Советниците со изгласувањето на ребалансот јасно му порачаа на градоначалникот Коњановски и неговата тајфа од ДПМНЕ, дека се за наменско трошење на буџетот, за крај на аздисаноста на градоначалникот, секретарот и неколкумина околу нив
Затоа, советниците изгласаа ребаланс на буџет по мерка на граѓаните, а не по мерка на Коњановски. Сега, на Коњановски и неговата екипа останува како ќе ги распоредат парите по програми