По одлуките за разрешување на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Битола, Советот денес изгласа и иницијатива до градоначалникот Коњановски за разрешување на директорот Зоран Михајловски од Јавното претпријатие „Паркинзи“. Ова е прв ваков случај мнозинство советници да изгласа иницијатива за разрешување на директор поставен од актуелната локалана самоуправа, во случајот предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Иницијативите кои не се во интерес на локалната власт почнаа да минуваат на Совет откако се распадна претходното мнозионство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и независната иницијативва Понаку и Левица. На денешната седница иницијативата ја предложи Елена Кромидаровска, а „за“ гласаа 17 советници од СДСМ и коалицијата, Поинаку и Левица, а со 13 гласови “против’’ се изјаснаа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Иницијативата за разрешување на Михајловски се покрена зашто електричното вовче Мечо кое деновиве беше пуштено во функција, а набавено со општински средства, носи бренд на приватна битолска фирма, а за тоа не бил известен Советот, како и за други работи поврзани со него.

„На одржаната Комисија за финансии и буџет присуствуваше и директорот, го прашавме повеќе прашања, но тој веројатно не сметаше дека треба да добиеме одговор“, рече Кромидаровска.

На комисиската седница, Михајловски, одговарајќи на советнички прашања рече дека од сите битолски фирми само една пројавила интерес да се рекламира, инаку не се работи за донација. „Јас се извинувам пропустот е мој. Ќе добиете детална и јавна информација. Ќе се отстрани брендирањето“, рече Михајловски.

Запрашан зошто кога стигнало вовчето не го информирал Советот, одговори: „За што да бидете известени, дали ве известуваат кога стигнува возило од поправака или се набавува ново, ако сакате ќе ве известуавме за се̍“.

Претседателката на Советот Габерила Илиевска од Поинаку критикуваше дека иако директорот имал шест месеци до Советот доставил само одлука за цената на возење од 50 денари, а не и за траса на возење, работно време...

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ иницијативата за разрешување на директорот е уште една од низата незаконски одлуки на новото советничко мнозинство.

„Според Законот за локална самоуправа, Советот нема законски основ за разрешување на директор. Доколку ни треба помош од некоја институција да се обратиме до Инспекторат за локална самоуправа, Државен завод за ревизија , повисоки инстанци, па и да се согласиме дека ни треба мониторинг врз работата на Советот“, рече Ѓорги Ѓоргиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката Илиевска изјави дека мониторинг е потребен зашто во стаутот е предвидена Комисија за статут и пропис со која претседава токму Ѓоргиевски, а одбива да ја свика и покрај нејзиното барање за да се утврди како натаму ќе функционира Советот. „Инспекторот ќе дојдив  петок да му понудиме да го вработиме овде нека не̍ пази како мали деца“, рече иронично Илиевска.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Независните синдикални организации на двете општински јавите претпријатија „Водовод„ и „Паркинзи“, се наметнаа како релевантни партнери во разгoворите   преку кои се издејствува линеарно зголемување на платите во нето износ од 2. 806 денари за сите вработени во јавните претпријатија започнувајќи од месец август. 

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани