2win800x200

Независните синдикални организации на „Водовод„ и „Паркинзи“, се наметнаа како релевантни партнери во разгoворите   за линеарно зголемување на платите на вработените

Јуни 25, 2022

Независните синдикални организации на двете општински јавите претпријатија „Водовод„ и „Паркинзи“, се наметнаа како релевантни партнери во разгoворите   преку кои се издејствува линеарно зголемување на платите во нето износ од 2. 806 денари за сите вработени во јавните претпријатија започнувајќи од месец август. 

По претходно барање и согласност од градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, се одржа состанок во Општина Битола на кој присуствуваа Независните Синдикални Организации во овие  две јавни претпријатија основани од страна на Општината, ЈКП Водовод и ЈП Паркизни од Битола. Линеарното покачување на платите на вработените беше договорено на состанокот помеѓу градоначалникот на општина Битола ,Тони Коњановски  со директорите на јавните претпријатија и претставниците на синдикатите во претпријатијата 
 
-Фактот дека овие Независни Синдикати кои се членки на Независен Синдикат на Државна Администрација (грански) од самото формирање се заложија со транспарентната работа отворено и транспарентно да се преговара за подобрување на работничките права и состојбите на членовите. Само со работа и борба за работничките права без вмешаност на политика вродува со плод. Вработените се повеќе ги препознаваат овие синдикати и им ја даваат својата поддршка , велат  од синдикатот.
 
Претседателите на овие синдикати Васко Ристевски,  претседател на НСВБ при ЈКП „ВОДОВОД“-Битола и Антонио Михајловски,  претседател  на НСЈП „ПАРКИНЗИ“-Битола, од самото формирање на овие синдикати без да подлегнат на притисоците на политичарите, успешно ги градат синдикалните структури преку преговори  и разноразни делувања успеваaт да се изборат за поголеми бенeфит  на вработените во овие ЈП.
Од Гранскиот Синдикат на Државна Администрација каде членуваат овие синдикални структури се надеваат дека и во другите претпријатија на ниво на Општина,  а и пошироко на ниво на целта Држава работниците ќе се охрабрат и ќе им ја дадат довербата  нив, со што ќе овозможат да бидат застапувани од синдикати на кои единствена грижа се РАБОТНИЦИТЕ И РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, вели  Горан Ристевски , Претседател на НСДА.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани