2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Зградите во централното подрачје на Битола без вода поради нерационално трошање на водата на голем дел од граѓаните

Август 11, 2024

Станбените објекти во централното подрачје на Битола од улиците „Нико Фундали“ па се до Градскиот зелен пазар и улицата „Батајлон Стив Наумов“ денеска се без вода во домовите, а од ЈКП „Водовод“ Битола велат дека нема дефект на мрежата туку се работи за нерационално трошање на водата од страна на граѓаните, не само во градот туку и во руралните населби каде има градски водовод.

Од „Водовод“ Битола за АПЛА.мк информираат дека, вообичано, околу 560 литри во секунда се испорачува вода кон градскиот водовод од кои 500 литри во секунда се од Стрежевското езеро, а останатите се надополнуваат од зафати на „Водовод“, но сушата и нерационалното трошење си го прави своето. 

Ова е за прв пат ова лето битолчани да немаат вода и дење, иако во изминатиот период повисоките катови од станбените згради немаат вода во вечерните часови. Намален притисок се чувствува и во зградите со помалку катови. „Водовод“ апелира на рационално трошење на водата, бидејќи со климатските промени и сушата ќе ни биде повеќе од потребна. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани