2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Стентон градба тврди дека не го предизвика дефектот на водоводната цевка поради која половина Битола остана без вода

Декември 02, 2023

Приватната фирма  Стентон Градба Битола, која е изведувач на реконструкцијата на улицата Стив Наумов, категорично тврди дека вчерашното пукање на водоводната цевка поради која половина Битола и делови од општините Могила и Новаци со часови останаа без вода, не е поврзано со градежните работи кои нивните екипи ги извршуваат на терен, туку дека станува збор за стара и дотраена водоводна мрежа поради што и Општина Битпла пристапи кон реконструкција

 - Во текот на вчерашниот ден, за време на изведувањето на градежните работи, но независно од нив, дојде до пукање на водоводна цевка поради што е прекинато водоснабдувањето на повеќе локации во градот. За вака настанатиот проблем, Стентон Градба најодговорно тврди дека градежните работници на терен, ги изведуваа градежните работи согласно потребното внимание и стручност кое се бара при изведување на работи од таков тип. Пукањето на цевката е настанато независно и неповрзано од изведувањето на работите на терен, па поради тоа овој настанат проблем не можеше ниту да се предвиди, а ниту да се спречи од страна на Стентон Градба ДООЕЛ Битола од причина што, повторно напоменуваме, не зависеше од изведувањето на самите градежни работи. Исто така би сакале да напоменеме дека стентон Градба ДООЕЛ Битола ги стави на располагање, во целост, својата опрема и персонал, за најбрзо можно решавање на настанатиот проблем, иако истиот не беше причинет од наша страна.Поради ваквите непредвидени дефекти кои се случуваат со старата водоводна мрежа, Општина Битола започна со реконструкција на постоечката канализациона и водоводна мрежа на улицата Стив Наумов се со цел ваквите дефекти во иднина да не се повторуваат, се наведува во соопштението од Стентон градба

FB IMG 1701527004989

Од ЈКП Водовод вчера соопштија дека   при подготовка на улица  за реконструкција во центарот на градот, изведувачот скина една од главните водоводни артерии. За да се санира дефектот се испразни целата водоводна мрежа.

Директорот на Јавното претпријатие,,Водовод” Пеце Милевски рече дека станува збор за голем дефект, но како што кажа, поголем е трошокот за неповратно изгубената вода која  е испуштена од системот, отколку за санација на дефектот. Сепак, Милевски рече фека фактурата за направените трошоци ќе биде испратена до приватната фирма  изведувач која ќе треба да ја надомести штетата.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани