АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски на ФБ објави фотографии од местото каде што екипите на Водовод го санираат големиот дефект на една од главните водоводни артерии во водоводната мрежа на Битола.
-Заедно со директорот на ЈКП ВОДОВОД и екипите сум нa големиот дефект кој се случи во текот на денешниот ден. Стручните екипи на ЈКП ВОДОВОД речиси 10 часа неуморно работат на отстранување на дефектот кој беше предизвикан од приватна компанија која извршуваше градежни активност на ул. Стив Наумов. Останувам на терен до конечно санирање на дефектот, напиша Коњановски