2win800x200

Битолчанка го скршила черепот во автобус во Битола, откако возачот нагло закочил, на семејството му било кажано дека и’ се слошило

Август 10, 2024
фото инфо компас фото инфо компас

Битолчанка на 74 годишна возраст е тешко повредена во главата и хоспитализирана на одделот за Неврохирургија во Битолската болница откако автобус со број 1 кој кружи до Брусничка населба, нагло закочил. Жената со иницијали С.Д од падот се здобила со две скршеници на черепот, повреда на р’бетот и внатрешно крварење, велат од нејзиното семејство. Жената била на отворањето на новиот трговски центар на излезот од Битола, па се качила во автобус за дома, но откако го платила билетот, уште не седната, автобусот тргнал и во еден момент  силно закочил, по што жената иако веќе била до втората излезна врата од автобусот од силината на кочењето паднала наназад на темето по што ги здобила тешките повреди.

Но, она што е интересно во случајот е што на семејството првично му било кажано дека на нивната мајка и’ се слошило, и толку.  Вистината почнала да се отмотува кога битолчанка на една од женските Фејсбук групи прашала  дали некој има информација што се случи со жената во автобусот, па вели –„ Бев внатре кога се случи непријатната случка, помогнав малку и заминав...Не ми излегува сликата од главата, сакам да знам дали е добра?“

454369498 436173532758686 8299112512612268065 n

По ова семејството дознава дека за повредите на нивната мајка не им била кажана вистината, па случајот самите го пријавиле во полиција. Разговарале и со очевидци на настанот. 

Од СВР Битола за АПЛА.мк вечера потврдуваат дека – „Синот пријавил дека неговата мајка се здобила со повреди во автобус. Констатирани се тешки телесни повреди“, но случајот не е заведен како сообраќајна несреќа бидејќи немало судир меѓу автобусот и друго возило. Случајот ќе се испитува.

Семејството во разговор за АПЛА.мк се прашува – „Зошто првично ни беше кажано дека и' се слошило? Зошто кога возачот повикал екипа на Итната помош не кажал што се случило и од каде се повредите? Зошто воопшто Итната помош кога веќе интервенирала не пријавила во полиција? “

Всушност, велат, да не прашала битолчанката во Фејсбук групата за здравствената состојба на повредената, семејството немало да ја знае вистината. Сега известена е полицијата и се очекува исход од случајот.  

 

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани