Отсекот за превенција при СВР Битола денеска (04.03) на подрачјето на Општина Битола, реализира превентививна активност во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај како и членови од училишната сообраќајна единица од Средното општинско училиште “Таки Даскало”-Битола под мотото “Паркирај совесно” и “Паркирај одговорно”.
Во активноста на неправилно паркираните возила им беа ставени флаери на возилата за почитување на правилата,како и укажување на тоа дека сеуште важи законот за поседувањето на зимска опрема за возилата.