2win800x200

Ликовни дела од „Мал Битолски Монмартр“ ќе бидат изложени во Софија

Март 04, 2022

Меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ со избрани дела ќе се претстави и во Државниот институт за култура во Софија.

Гостувањето во Софија е договорено на иницијатива на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, информираат од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

„Во Битола одржавме средба со делегација на Државниот институт за култура на Република Бугарија предводена од директорката Снежана Јовева Димитрова. Средбата беше иницирана од Антонија Велева директорка на Бугарскиот Културно информативен Центар во Скопје. На наше заедничко задоволство договоривме избрана колекција од богатата уметничка архива на „Мал Битолски Монмартр“ да ја посетиме Софија со изложба во просториите на Министерството за надворешни работи. Повод за организирање на ликовната изложба во Софија е меѓународниот Ден на детето“, истакна Елена Хаџи Антонова, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Во Студиото во Битола, по завршувањето на меѓународниот конкурс, почнуваат да пристигнуваат ликовни творби од цел свет за претстојното 41 издание на „Мал Битолски Монмартр“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани