АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почна реконструкцијата за фасадата на ОУ „Коле Канински“ - Битола. Градежните работи се изведуваат од вчера, со што ова основно училиште ќе добие сосема нов лик. Фасадата ќе биде енергетски-ефикасна, со што ќе се заштедат средства за затоплување на училишните простории.
- Инвестицијата ќе чини 130.000 евра, обезбедени средства од повикот за капитални инвестиции во образованието и училиштата, од Министерството за образование и наука. Ова е прва реконструкција на фасадата на училиштето уште од неговата изградба во 1963 година - вели Зоран Мирчевски, директор на училиштето.
- Дополнително на овој проект, во наредниот период надворешното ракометно игралиште ќе добие гумирана подлога, а просторот ќе биде ограден со што ќе се добие поголема безбедност на учениците - информира за „Апла“ заменик-директорката Лидија Недановска.
Се очекува проектот да заврши со почетокот на новата учебна година, а од училиштето апелираат во меѓувреме учениците да внимаваат на градежните активности.