2win800x200

„Водовод“-Битола започнува со промена на старите дотраени затворачи во водоводниот систем во Битола

Март 16, 2022

ЈКП „Водовод“ Битола информира дека започнува со промена на старите дотраени затворачи во водоснабдителниот систем во Општина Битола.

„Целта на акцијата е заштита на животната средина и овозможување на непрекинато водоснабдување на што поголем дел од граѓаните при појава на дефект, со ограничено затворање на областа на водоснабдувањето. Кога се врши одредена активност или санација на дефект поради застарени затварачи, се затвараат поголеми делови од градот, токму поради тоа се превземаат овие активности во интерес на сите граѓани корисници на водните услуги на ЈКП Водовод Битола.

ЈКП „Водовод“ Битола Ве известува дека секој планиран прекин на водоснабдувањето поради активности поврзани со промена на застарените дотраени затворачи во воснабдителниот систем, ќе биди најавен претходниот ден, со цел корисниците навреме да бидат информирани за прекинот на водоснабдувањето“ стои во соопштението на Водовод.

Нема опис за фотографијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани