АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најдобрата македонска параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Европското првенство во стрелашто што се одржува во Хамар, Норвешка, во дисциплината воздушен пиштол.
Наковска Бикова до златниот медал дојде со погодени 232.3 кругови, а на победничкиот пиедестал се искачија и Турчинките Ајсел Озган која погоди со 231.5 круга и Ајсеѓул Пехливанлар со 210.4 круга.
Во машка конкуренција Александар Јовановски го освои десеттото место во квалификациите со 547 круга и за еден круг не обезбеди пласман во финалето. Ванчо Каранфилов го освои 19 место со погодени 533 круга.