ЛДП-Битола на следната седница на Совет на Општина Битола ќе достави предлог Оливера Наковска-Биковска, поради освоениот златен медал на Европското првенство да биде наградена со еднократна помош од 300.000 денари.
- Фантастичната битолчанка Наковска-Биковска, долги години е вистински репрезент на градот и државата, а Битола треба да е горда што ја има Оливера. Честитки за големиот успех и желби и во иднина победнички да не претставува на големите натпреварувања, пишуваат од ЛДП.