2win800x200

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје

Март 28, 2022

На ден 25.03.2022 година, на зоом платформата се одржа предавање на тема „Женско здравје“, предавач беше д-р Владко Ѓорѓиевски – специјалист гинеколог и акушер.

Предавањето го организираа НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Целта на предавањето е да се подигне свеста за женското здравје.
Потребни се бројни отворени дискусии и зборувања во име на жените, на јазик близок за секоја жена независно од нејзиното образование и писменост.

Здравјето на човекот е од непроценлива важност и главен предуслов за квалитетен живот од секаков аспект.
Женското здравје претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените, која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и приватниот живот.
Докторот Ѓорѓиевски зборуваше за важноста на прегледите, на колку време треба секоја жена да посети гинеколог, мерки на заштита од несакана бременост и преносливи болести, ехо прегледи и пап тестови итн.

Инакук Д-р Владко Ѓорѓиевски е дел од тимот на гинеколози-акушери во болницата „Плодност“, кои со своето работно искуство и возраст припаѓаат на средната генерација доктори.
Покрај стручноста, д-р Ѓорѓиевски е надалеку познат по својот пристап кон пациентите, односно пациентките, поради неговата непосредна внимателност. 

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани