2win800x200

Наумовска-„Комуналец“ е во загуба од над 8 милиони денари, наследивме очајна состојба

Март 28, 2022

 

2021 годна ја завршуваме со загуба од над 8 милиони денари, рече денеска првиот човек на ЈП Комуналец Битола Гордана Наумовска 

-Дваесетгодишното искуство во претпријатието ми дава сигурност и денес на оваа прес -конференција да потврдам пред граѓаните, дека  ќе успеееме да ги надминеме сите предизвици наследени од мојот претходник, но и новите кои ќе не водат до тоа  Битола да биде  максимално чист и совршено холтикултурно уреден град, рече директорката на ЈК Комуналец Битола Гордана Наумовска.

 

Пресконференцијата ви ја пренесуваме во целост.

Фактите потврдуваат, дека  2021 година е уште една тешка година од изминатите 4 години за ЈП Комуналец Битола, оваа година ја завршуваме со негатива односно со загуба од 8.333.917,00 денари. Состојбата во претпријатието беше очајна односно на сметката имаше 6.441.114 денари, пари недоволни дури и за исплата на плата на вработените.

Во изминатиот период од 4 години во претпријатието се направени вкупно  93 нови вработувања со тоа буџетот на ЈП Комуналец е зголемен за 3 милиони денари на месечно ниво односно 36 милиони денари на годишно ниво.

Од првичната анализа што ја имаме направено е очигледно дека во изминатите 4 години воопшто не се водела грижа за иднината на ЈП односно претпријатието се водело од тесно партиски интереси.

Во изборна година и година на корона пандемија од завршната сметка трошоците за репрезентација се во висина од 808.185 денари односно 13.151 евра, што за ЈП кое едвај собира за плата, ваквите трошоци се тотално непотребни.

Исто така во измината година се направени набавки на три возила за метење или т.н метларки во висина од 26 милиони денари или приближно 422.764 евра на кои за чудо се јавува само еден економски оператор кој едната јавна набавка ја погодува до денар а додека другата јавна набавка која е со проценета вредност од 14.160.000,00 денари економскиот оператор доставува понуда од 14.158.820,00 односно се прави заштета од неверојатни  1180 денари или на набавка вредна 230 илјади евра заштедата е фантастични 19 евра.

Нема достапен опис

Како ново раководство во ЈП во изминатиот период нарачавме ревизија за работењето на ЈП Комуналец и после добивањето на ревизорскиот извештај ќе го презентираме пред јавноста.

На крајот, она што сакам да го порачам е нашата увереност и подготвеност Битола да биде онаква каква што заслужува, со максимално функционален и модернизиран комунален сервис за граѓаните, со прекрасно хортикултурно уредување, убав, чист и уреден урбан простор.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани