АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овие интересни фотографии на штотуку родени мали диви прасиња во леглото, се направени од ловочуварите на ловното здружение „Сокол“ од Битола, при редовното пребројување на дивите свињи на Баба Планина, на терeните со кои стопанисува ова здружение. Иако возрасен примерок има кафејава боја на крзното, кога ќе се опрасат дивите свињи, младите имаат карактеристични надолжни пруги (линии) кои им остануваат до крајот на месецот.
Од „Сокол“ велат дека наскоро ќе започне со прихрана на дивата свиња после долгата и студена зима.