2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден почина Фана Кочовска Цветковиќ, најмладиот народен херој

Април 17, 2022

На  денешен ден

17 април 2004 година 
Почина најмладиот народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ.
 
Родена била во селото Лавци, Битолско, на 27 јули 1927 година. Со неполни петнаесет години во 1941 г. била активен припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење, односно била младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.
 
Од крајот на 1941 година преминала во илегалство. Учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија била од ноември 1942 година кога станала борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Подоцна станала младински раководител во Баталјонот „Стив Наумов“ и ао него учествувала во славниот Февруарски поход. Во време на Пролетната офанзива во борбите околу Злетово била ранета.
 
Се борела против бугарско-германските окупатори и во составот на Третата и Седмата народноослободителна ударна бригада и била член на Главниот одбор на младинската организација на Македонија.
 
По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори вршела високи општествени и државни функции. Меѓу останатото била иницијатор и организатор на младинската културно-просветна манифестација „Курирче“. Неколкупати била избирана за пратеник на Народните собраниа на Македонија и Југославија. Била член на Обласниот комитет на Младинсклата организација во Битола, била член на Централниот комите на Народната младина на Македонија, претседател на секцијата на жените-задругари на Македонија. Била и член на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија и Југославија, член на постојаниот дел на Конференцијата на Сојузот на комунистите на Југославија, а на Десетиот конгрес на СКЈ  е била избрана за член на Централниот комите на Сојузот на комунистите на Југославија.
 
Била носител на Партизанска споменица 1941. Била прогласена за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година. Починала во Скопје.
 
 
Подготви: д-р Александар Литовски, историчар
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани