2win800x200

Нашата Анамарија Милевска од велигенските јајца создава вистински ремек дела

Април 24, 2022

25 годишната Анамарија Милевска од Битола, со своите вешти раце од велигенските јајца создава вистински ремек дела. 

Оваа млада девојка вели дека отсекогаш сакала да црта, и да биде креативна. Од мали нозе, уживала во подготовката на велигденските јајца за празникот, а тоа го прави и ден денес. Идеи и начини за тоа како да се украсуваат јајцата бара на интернет. Милевска објаснува дека креативноста на девојките и жените е навистина за пофалба, и дека има многу техники за декорирање на велигденските јајца. Таа за украсување на велигденските јајца комбинира повеќе материјали. 

„Не користам некаква посебна техника, едноставно црпам инспирација на Pinterest или Instagram и наоѓам начин како да ги изработам.  Во зависност од тоа каков ефект сакам да постигнам, употребувам различни материјали, желатин бои, светкава прашина, маркер, бисерчиња, кристали, лакови за нокти, лепило, самолеплива хартија. Сакам да цртам, и најчесто за декорација користам црн водоотпорен маркер, толку е едноставно.  Изработувам 50 до 60 јајца, исклучиво за свои потреби.  Секогаш добивам позитивни реакции, пофални зборови, воодушевувањето се гледа особено во очите на најмалите. Често ме прашуваат за начинот на изработка и колку време е потребно, несебично споделувам, а некогаш и помагам за украсување, доколку сум во можност. Во последно време, особено кај помладите гледам дека вложуваат труд во украсување. Често се инспирирам и од наши домаќинки, кои споделуваат изработки на социјалните мрежи, што особено ме радува. Подемот на социјалните мрежи и инспирацијата којашто може да се најде таму има голем придонес“, вели Милевска. 

Повеќе за велигденската приказна за Милевска на Фактор.мкhttps://faktor.mk/mlada-bitolchanka-so-svoite-veshti-race-sozdava-unikatni-veligdenski-jajca

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани