После подолго време ЧОКАНЧЕ се враќа во етерот со нов аудио запис. Песната ,,Игра рок анд рол цела Македонија" е од пред 7 години, но финализирана минатиот месец.
Од култниот битолски бенд велат дека таа е еден искрен , обичен опис на секојдневието во Македонија.
Снимател и продукција Влатко Симоновски од Битола. Тапаните ги сними Иле Лулевски, гитарав Зоран Илиевски - Скточ, вокал Бранко Шпољариќ- Паљач, бас Крсте Симоновски - Крчо, гитара Игор Беговски - Ќебап. Фото и видео Иван Михајловиќ.
Во песната се пее:
,,Игра рок енд рол цела Македонија
денес се е н`опаку избегано од ѓонија !
Историја и приказни за голема нација
споменици и титули - чиста манипулација !
И ништо нема да се смени и ти нема да се смениш
ке останиш пијаница и нема да се жениш.
Знам дека мислиш дека не е така
а јас само сакам да ти подадам рака...
Игра рок енд рол цела Македонија
денес се е н`опаку избегано од ѓонија !“