2win800x200

Како да се намали долгорочната невработеност и зависноста од гарантираниот минимален приход

Мај 13, 2022

Битолските бизнисмени, денеска, се информираа за проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го реализира Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и финансиски е поддржан од Европската унија. Главна цел на проектот е да се намали долгорочната невработеност и зависноста од гарантираниот минимален приход.

„Ранливите групи на пазарот на труд се вклучуваат во специјализирани програми и услуги за развој на вештини. Со оваа реформа, најзагрозените категории од сиромаштија, односно тие што не се активни подолго време и се под социјална заштита, ќе се вклучат на пазарот на труд“, објасни Наташа Здравковска, координатор на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

Таа, пред бизнисмените истакна дека граѓаните ќе добијат услуги за советување и мотивација (СИМ програма) преку психосоцијална и менторска поддршка како прва компонента на проектот. По ова, според Здравковска, ќе следува вклучување на пазарот на труд преку обуки и вработување преку 4 активни мерки, како што се Обуки за побарувани занимања, Обука кај познат работодавач, Практикантство и Субвенционирано вработување“, вели Бунтеска.

Во реализација на проектот учествуваат Центрите за вработување и Центрите за социјална работа, кои меѓу себе комуницираат преку систем за електронска размена на податоци за подобра селекција и ефикасност на процесот. Во проектот се вклучени повеќе од 1500 лица корисници на гарантирана минимална помош, од кои досега најмалку 5 проценти веќе се вработени. Реализацијата на проектот обезбедува информации за ранливите категории граѓани, како што се нивниот став, менталитет, уверувања и предрасуди, што ќе бидат основа за прилагодување на активните мерки и услугите на двете институции за да се постигнат подобри резултати на теренот. Притоа, главни партнери – поддржувачи на ваквата активност се Центрите за вработување, Центрите за социјална работа и секако, бизнис заедницата на локално ниво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани