АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Млади велосипедисти јурат низ пешаците по Широк Сокак и им го крадат мирот на битолчани. Секојденевно, особено навечер, наместо мирна прошетка низ шетачката зона, се случува стравотија од брзо возење со велосипеди, особено на малолетници кои буквално возат слалом низ пешаците и им ја загрозуваат безбедноста. Битолчани бараат секојдневни контроли од полицијата и казни за неосвесните велосипедисти. Велат ако полицијата можеше две години да казнува за неносење на маски и сега нека казнува за возење на велоспед на Широк Сокак.
-Неочекувано, непредвидливо деца кои возат пребрзо на велосипеди не плашат и ни предизвикуваат немир во прошетката, особено за малите деца. Ситуацијата на која никако да се стави крај ја загрозува безбедноста на нашите деца, на најмладите, но во исто време и на возрасните. Затоа потребно е полицијата да прави контроли по Широк Сокак и да казнува, како што казнуваше две години за неносење на маски, реагираат битолчани.
Од СВР Битола велат дека само годинава се напревени неколку контроли и преземени се конкретно мерки за Широк Сокак. Од Полицијата велат дека казната за велосипедистите на Широк Сокак и во пешачка зона е 50 евра и таа се однесува на неисправен велосипед, управување на велосипед под дејство на алкохол, натоварен со предмети и лица, неправилно управување, движење на забранети места...
Само во месец мај СВР Битола направи 5 контроли за движењето на велосипедисти во сообраќајот, а најавуваат дека со контроли ќе продолжат и во наредниот период.