МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
22 Попова Шапка, 25 Лазарополе, 27 Крушево, 28 Маврови Анови, 29 Берово, Крива Паланка, 30 Охрид, 31 Претор, 33 Скопје – За. Рид, Прилеп, Штип, Тетово, Виница, 34 Битола, 35 Струмица, 36 Демир Капија, 38 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре во западните делови ќе дува засилен северозападен ветер и од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето.