Владата, на денешната 64 седница, на предлог на Министерството за здравство, ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.
Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година.
Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години.
Од оваа одлука, се иземаат хронично болните лица.
Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63-та владина седница остануваат на важност.