АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На состанокот во Стопанската комора (СКСМ) во врска со снабдувањето со електрична енергија на големите производни капацитети во држават, од страна на Комората беа предложени мерки до Владата со кои би им се олеснила состојбата на фирмите во однос на снабдувањето со електрична енергија. Меѓу другото, до АД ЕСМ беше испратен апел доколку во текот на зимскиот период компанијата произведе вишок на електрична енергија, истата да се понуди во повластен пакет за домашните фирми кои трошат големи количини струја, а кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните.
Генералниот директор, м-р Васко Ковачевски, одговори дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ на јаглен, со цел да го максимизира производството, така што секоја количина над таа што е потребна за граѓаните, ќе има можност преку одреден модел да биде понудена на домашното стопанство. Ковачевски нагласи дека приоритет на ЕСМ е, пред се, да обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, за која цел ЕСМ го зголеми производниот план за 2022г. за 20%.
АД ЕСМ обезбедува 100% од енергијата која ЕВН Хоум ја испорачува до домаќинствата и малите потрошувачи