АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 22 АВГУСТ 1944
Во село Зборско, Мегленско, Егејскиот дел на Макекдонија е формирана СЕДМА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА, воена единица на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.
Формирана од битолскиот партизански баталјон "Стив Наумов" од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето премина во Битолско, каде што ги напаѓаше позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола, како и граничните караули на планината Кајмакчелан од 24 до 28 август 1944 г. и во Преспа од 5 до 7 септември 1944 г.
По капитулацијата на Бугарија, дејствуваше во рамки на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВ на Југославија. Во наредниот период водеше непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, а учествуваше во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско.
Победоносно влезе во Битола на 4 ноември 1944 г. Учествуваше во ослободувањето на Кичево и Зајас од 15 до 18 ноември 1944 г.
По реорганизацијата на единиците на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во декември 1944 г., стана дел од Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ со кого учествуваше во пробивот на Сремскиот фронт и ослободувањето на повеќе места во Хрватска и Словенија.
Пидготвил: д-р Алесандар Литовски, историчар