
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изминатиот период, во соработка со Центарот за климатски промени во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за аерозагадувањето во прекуграничниот регион“, кој беше финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, беше изработен петгодишен план за квалитет на амбиентен воздух за општина Битола.
Согласно законската регулатива, градоначалникот на општина Битола, организира јавна расправа на која ќе биде презентиран нацрт документот.
Јавната расправа ќе се одржи на 13.09.2022 во 10.00 часот во Салата на Советот на општина Битола.
Општина Битола, ги поканува сите заинтересирани субјекти, да земат учество на јавната расправа.
Нацрт планот за квалитет на воздухот во Битола, е достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/kvalitet-na-vozduhot-vo-bitola/.