АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 8 септември 1942 година
Загина Кочо Чолаковски–Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во селото Ниже Поле во 1923 година. Се занимаваше со земјоделство и сточарство. Од почетокот на окупацијата беше активен приврзаник на антифашистичкото движење и беше вклучен во организирањето на антиокупаторската вооружена борба. На 8 септември 1942 г. стапи во првиот борбен строј на Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“. Загина при пренесување на оружје во времето на преместувањето на партизанскиот логор во Ореовската Планина. Погребан е на партизанските гробишта во Битола.