2win800x200

Нов Еразмус проект на Битолската библиотека

Септември 13, 2022

Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола м-р Бојан Стефановски, денес оствари состанок со г-динот Роналд Шункнехт од германската организација Југендстил. На состанокот присутни беа програмскиот раководител м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.
На состанокот се разговараше за новиот Еразмус проект на Библиотеката „Sasas Jekhvar Jekh„ односно за негово продолжување во наредните две години.

Партнерите од Бугарија, Германија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Турција ги постигнаа следните проектни резултати во минатиот проект:
Следниве проектни резултати беа постигнати:
1. Избрани се 40 ромски бајки (5 бајки по земја партнер) кои ќе бидат објавени во Европската книга за ромски бајки. Тие ги опфаќаат сите категории на бајки и ја разгледуваат хетерогеноста на ромските заедници.
2. Во секоја земја партнер беше идентификувана издавачка куќа подготвена да ја објави книгата за ромска бајка.
3. Најмалку три познати ромски личности од уметност/култура/спорт/економија од секоја земја-партнер се изјаснија дека се подготвени да ја рекламираат книгата за ромска бајка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани