АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Корча е реализиран проект „Билатерална соработка на библиотекари и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија(Ковид-19)- искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.
Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија.
Во другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка.
На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотека од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност. Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности.
На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со Битолскиот универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Р.С. Македонија.
Во Корча е потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.