Една од најпосветените и најомилените воспитувачи меѓу децата, Татјана Грегова, од Сојузот на просветни работници доби Признание за просветен работник за учебната 2021/2022 година ,од категоријата воспитувач од предучилишно образование.
Гркова е дел од тимот на градинките „Мајски цвет' од Битола.
-По повод 5ти Октомври, Денот на учителот, нашиот воспитувач Татјана Грегова од Сојузот на просветни работници доби Признание за просветен работник за учебната 2021/2022 година ,од категоријата воспитувач од предучилишно образование.
Министерството за образование и наука и додели Плакета за вонредно ангажирање и придонес во унапредување на воспитно -образовниот процес на работно место.
Честитки за постигнатиот успех и уште многу успеси и понатаму!, објавија од градинките „Мајски цвет' од Битола.