2win800x200

СВР Битола со кривични пријави за сопственикот на авто плацот кај „Ремо“-еве што затекна

Октомври 07, 2022

На 06.10.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници од Криминалистичката полиција, од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола, заедно со инспектори од Општина Битола, на ул „Васко Карангелевски” во Битола спроведоа акциска контрола и притоа констатираа едно кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, односно кај едно возило била пронајдена рачно изработена регистарска табличка. Исто така, биле констатирани и осум прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Имено, жител на ул.„Васко Карангелевски“ пред зградата на коловозот и на паркинг просторот имаше заземено поголема површина од паркирани возила негова сопственост, од кои дел хаварисани и кои пречеа во нормалното одвивање на сообраќајот. По контролата, сопственикот ги преместил возилата на соодветно место.

Нема достапен опис

Претходно постапуваше и Општина Битола https://apla.mk/direktno/item/11357-opishtinskiot-inspektorat-beshe-na-avto-placot-vo-nova-bitola-i-pobara-da-se-otstranat-havarisanite-vozila-i-vozilata-na-zelena-povrshina

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани