Битолската полиција фати двајца дилери на хероин, наши сограѓани

Ноември 04, 2022
На 03.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.Д.(30) и Ш.К.(37), двајцата од Битола. При претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени.
Исто така, при претрес во домот Ш.К. извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Нема опис за фотографијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани