Професорот Мицкоски ја оцени со десетка работата на градоначалникот Коњановски

Ноември 04, 2022

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја оцени со десетка работата на градоначалникот Тони Коњановски во првата година од мандатот. Запрашан каква оценка заслужува Коњановски од професорот Мицкоски, тој рече „Бидејќи го познавам ќе му дадам 10, а за да не се вообрази висока 9“. 

Мицкоски денеска дојде во Битола со цел да биде поддршка на градоначалникот Коњановски на празникот на градот. Тој посети неколку локации во грдаот каде се реализираат проекти од програмата на Коњановски. 

Мицкоски вели дека ќе биде поддршка  на локалната самоуправа во Битола, односно „ветер во грб“ со цел да се врати сјајот на конзулска Битола.   

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Мицкоски денеска заедно со градоначалникот Коњановски беше на увид на работите на патот кон село Брусник, каде ова лето започна комплетна реконстрикција на подземната инфраструктура и нов асфалт. Работите се во развршна фаза, денеска продолжи асфалтирањето.  

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани