АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Ивона Трифунов, член на ИО на СДСМ Битола.
Кал и дупки како кратери. Вака изгледа патот за селото Брусник кој градоначалникот Тони Коњановски започна да го реконструира во јули годинава.
За потребите на посетата на шпицниот градоначалник, Коњановски тури 50 метри асфалт и толку. Патот е оставен незавршен, тешко прооден и што е најважно – небезбеден.
Ако Коњановски планира да го заврши патот до Брусник кога шпицниот градоначалник пак ќе иди во посета на Битола, нека им каже на жителите на селото. Ветуваше ќе го завршел до 9 ноември, и за тоа излажа. Наместо празни ветувања, веднаш да тури асфалт на патот кој го започна пред 4-5 месеци. Автопат да градеше досега ќе го завршеше.
Во меѓувреме, јавните претпријатија за водовод и канализација да престанат да ги малтретираат жителите на Брусник барајќи им пари за приклучоци кои ниту се изведуваат, ниту може да се изведат во оваа фаза.
Една година Коњановски продава бајки и приказни за реконструкција на улици и патишта. Граѓаните немаат повеќе трпение за неговите милозвучни сказни и бараат работа. Неместо да се фали пред шпицниот градоначаник по саеми во Скопје, Коњановски да се зафати со решавање на проблемите на битолчани оти и по една година ништо нема направено во Битола.