АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола е подготвена за големиот музички концерт што ќе се одржи утре вечер под отворено небо, на плоштадот Гоце Делчев со почеток во 21.00 часот. Бендовите “С.А.Р.С”, „THE PRODIGY live tribute band“ и “FUNK SHUI” гарантираат одлична забава за сите љубители на добрита музика и концерното расположение. Концертот е дел од фестивалската програма на Битола отворен град 2018 година.
Денес на програмата е Младински предизвик и јавна дискусија, со почеток во 19 часот во салата за презентации во МКЦ – Битола, каде битолчани ќе имаат можност да поразговараат на темата Што може Битола да научи од Нови Сад? Наши гости се дел од координативниот тим на OPENS 2019 - Европска Младинска Престолнина 2019.
Вчера, се реализира програмата насловена Учествуваме, застапуваме, менуваме. Како дел од оваа програма се одржа "Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство". На работилницата беше претставен моделот на првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. -Под менторство на Јадро – Асоцијација на независна културна сцена во Македонија во Битола започна процес за обединување на иницијативите за обезбедување на простори за потребите на независната културна сцена, граѓанскиот сектор, уметниците и младинските работници и за развивање на модел за формирање на културно–општествен центар со свои локални специфики.
Во попладневните и вечерните часови беа претставени низа на Културни интервенции во јавен простор подготвени од членките на ЈАДРО: - Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ), Скопје; изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија, Велес. - Промоција на изданија од едицијата „Лифт“, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. - Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев - Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ и проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” на германскиот режисер Alexander Kluge.
Програмата на фестивалот “Битола отворен град 2018” продолжува до 30ти јуни.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и од Општина Битола.