2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Заврши првиот дел од проектот за подобрување на снабдувањето со струја на ромската наелба на битолскиот Баир

Јуни 28, 2018

Заврши првиот дел од проектот за подобрување на состојбата со снабдување на електрична енергија на ромското население во населбата Баир. Инвестирани се 2,5 милиони денари, при што се поставени нови линии, подобрени се и веќе постоечките, а во тек е приклучувањето на домаќинствата на електричната мрежа.

Во втората фаза за чија реализација ќе бидат инвестирани над 3 милиони денари, заеднички средства со ЕВН, треба да се изгради нова трафостаница и да се изврши реконструкција на постојната електрична мрежа, во делот на улицата Караорман на битолскиот Баир.

Активностите се дел од стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, донесена од Владата на Република Македонија, а која се однесува на делот  каде што живее ромското население во Битола, за што  на денешната средба разговарале градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, со министерот без ресор, Аксел Ахмедовски. Исто така станало збор за други проекти кои се однесуваат на подобрување на состојбите и решавање на одредени проблеми со кои се соочува населението од овој дел на градот. Ист

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани