2win800x200

Локалниот економско социјален совет ќе учествува во изработка на стратегија за локален економски развој на Општина Битола

Ноември 23, 2022

Локалниот економско социјален совет на општина Битола, денес ја одржа втората седница, на која беше усвоен Предлог деловникот за работа, а беа разгледани и прашања поврзани со понатамошното делување на овој Совет.

Гордана Балтовска, како претседавач на Локалниот економско социјален совет ќе раководи и со новоформираната комисија за изработка на стратегијата за Локален економски развој, а од страна на сите присутни членови беше побарано нивно вклучување со предлог проекти и во изготвувањето на акциониот план на ЛЕСС.

На денешната седница, беа дадени повеќе предлози кои се однесуваат на подобрување на економската и социјалната сфера во општината, а беше разгледана и можноста за активно вклучување на членовите на ЛЕСС и во изработката на другите стратешки документи кои се во фаза на подготовка.

На овој начин, локалниот економско социјален совет, покажува отвореност за соработка  и реализација на проекти во координирани активности помеѓу бизнис заедницата, синдикатите, општината, другите институции, невладиниот сектор и образованието.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани